ИСТОРИЈА

1898 година

Како и обично, во Њу Берн во Северна Каролина било жешко и влажно. Младиот аптекар Калеб Бредхам со комбинирање на зачини, сокови, и сирупи се обидел да направи нов освежителен пијалок, кој потоа би им го понудил на своите муштерии.
Тој успеал да ги надмине сите свои очекувања и притоа создал пијалок, кој денеска го познаваме како Пепси Кола.

Почетоците на Пепси

Калеб Бредaм сакал луѓето кои еднаш го посетиле повторно да се враќаат во неговата аптека. Како и сите млади аптекари и тој во својата аптека имал точилница со сода (газирана вода), каде што на посетителите им нудел освежителни пијалоци кои ги припремал самиот тој. Неговата најпопуларна креација била уникатната мешавина на газирана вода, кола од орев, ванила, и ретки масла. Калеб својот нов освежителен пијалок го крстил Пепси-Кола и почнал да го рекламира. Продажбата на Пепси-Кола почнала да расте и наскоро тој се појавил и на пазарот со основање на сопствена фирма. во 1902 година ја основал компанијата Пепси-Кола во склоп на својата аптека и пријавил трговска марка при заводот за патенти на САД. Патентот бил доделен на 16 Јули 1903 година.
На почетокот тој само мешал сируп и производот го продавал исклучиво во точилниците. Но брзо потоа утврдил дека постои подобар начин за пласирање на производот и тоа во форма на стаклено шише.

Бизнисот се шири

Пепси-Кола се рекламирала како „забавна и освежувачка“, и со помош на таквото рекламирање компанијата веднаш почнала да се развива. Калеб веќе во 1903 година успеал да продаде 30.000 литри од овој сируп, за да две години подоцна отвори франшиза во градот Шарлот во Дурхам, Северна Каролина. Во 1906 година бројот на франшизи пораснал на 15, а во 1907 година веќе на 40. Кон крајот на 1910 година Пепси-Кола имала франшизи во 24 сојузни држави во САД и компанијата продавале повеќе од 100.000 галони сируп годишно.
Еднo од најголемите остварувања на Бредaм, без двоумење, е изградбата на моќната франшизна мрежа. Независното полнење на Пепси-Кола ја осигурало основата за раст, кој дури и денеска е темел на развојот на компанијата Пепси-Кола.
Оваа компанија била една од првите во САД која ги заменила коњските запрежни коли со моторни возила за транспорт на стоките, и затоа не е изненадување дека Калеб е пофален во 1913 година во часописите за „неговата остроумна и енергична смисла за бизнис“. Спомнуван бил и како можен кандидат за гувернер на државата.
Познатиот возач на тркачки автомобили Барни Олдфилд во часопис потврдил дека Пепси е „одличен пијалок... освежителен, права работа за пред трка“.
Калеб ја промовирал продажбата на Пепси со мотото „Пиете Пепси-Кола. Ќе ве задоволи“.
Почетокот на првата светска војна донесол со себе послаби резултати, трошоците на работењето значително се зголемиле. Цената на шеќерот се менувала, а со неа заедно и производствените трошоци. Во 1923 година Пепси-Кола банкротирала.
Калеб се вратил во својата аптека, а трговската марка Пепси-Кола ја продал на Craven Holdings Corporation, која била прва во низата сопственици.
Пепси-Кола ја купил Рој Мегаргел од Њујорк, кој почнал да ја спасува компанијата. Во 1923 година компанијата се преселила од Њу Берн во Северна Каролина, во Ричмонд во Вирџинија, и тој со свои средства ја надоместил загубата. И покрај големите напори, реконструираната Пепси-Кола во 1931 година по втор пат прогласила банкрот.

Иднината на Пепси биле несигурна сѐ до оној момент кога на сцена стапил Чарлс Гут, успешен производител на слатки. Гут бил претседател на компанијата Loft Incorporated, голем ланец на продавници на слатки и автомати за освежувачки пијалоци на источната обала. Гут бил незадоволен со деловната соработка со Кока-Кола, и Пепси му овозможил да прекине со неа. Освен тоа конечно можел во своите автомати со пијалоци за освежување да има нешто ново и атрактивно. И, имал право. Под неговото водство Пепси-Кола повторно станала одлична трговска марка.
По две години откако Пепси добила нов сопственик, таа веќе имала приходи во висина од еден милион долари.

Пепси-Кола е погодок во црно

Населението се соочувало со економска криза, која се нарекува „Големата депресија“. Времињата биле тешки и дури и само пет центи станала висока цена за пијалок за освежување. Затоа Пепси решил на своите потрошувачи да им понуди повеќе пијалок за иста цена. По почетниот успех, Гут го раширил овој систем на целокупната Пепси-Кола компанија.
Во триесеттите години Пепси почнал со меѓународна експанзија. Трговската марка Пепси-Кола е регистрирана во Јужна Америка и Советскиот Сојуз, а франшизи биле доделени и на фабрики за полнење во Канада. Во 1934 година компанијата се преселила во нова централа на Long Island во Њујорк, за да четири години подоцна Валтер Мак е избран за нов претседател на Пепси-Кола. Мак верувал дека рекламирањето е темел на маркетингот на пијалоци за освежување, вовел дури и стрип „Пепси&Пит“, кој го промовирал со мотото: „Двапати повеќе за цент“.
Песната „Никел, Никел“ била и првиот радио спот, кој бил емитуван и слушана од источната до западната обала на САД. Со тоа и се запишал во историјата на емитувањето и рекламирањето.

За време на втората светска војна повторно дошло до проблеми со шеќерот, кои компанијата ја мачеле и за време на првата светска војна. Мак купил шеќерна плантажа на Куба и со тоа овозможил Пепси и покрај сите проблеми да напредува. Тоа било време на машките и женските во униформи, кои служеле на својата татковина на другата страна на океанот. Во склад со патриотските чувства на тие времиња пепси ги употребил црвената, сината, и белата боја на своите етикети, на Тајмс Сквер плоштадот во Њујорк отворил кантина на САД, каде што милиони фамилии снимале пораки за младите девојки и момци, кои се бореле по целиот свет.

Ширењето на Пепси по целиот свет

На крајот на војната и во Пепси-Кола завладеале победничките амерички идеи. Компанијата ја преселила својата светска централа на Менхетн и продолжила со развојот во Јужна Америка, на Филипините и на Средниот Исток. Дома компанијата почнала со развој на стаклени шишиња со различни големини и со полнење во лименки.
Повоениот пазар бил многу променлив. Новиот малопродажен феномен, наречен супермаркет, предизвикал големи промени и во производството на пијалоци за освежување. Пепси затоа бил присилен да ја напушти дотогаш успешната стратегија за продажба на пијалоците по половична цена.
Претседателот на компанијата Пепси Алфред Стил патувал со својата сопруга, познатата филмска ѕвезда Џоан Крафорд. Многумина верувале дека компанијата добива на углед точно по заслуга на софистицираната и стилски совршена госпоѓа Крафорд.
Пепси почнал да употребува ново лого со изглед на стилизиран затворач за шише, кој во современа форма се употребува и ден денес. Во рекламите нема повеќе акцент на ниските цени, туку на животниот стил. По смртта на господинот Стил во 1959 година госпоѓата Крафорд била избрана за член на управниот одбор. Новите реклами на Пепси во склад со постигнатиот напредок ја нагласуваат нискокалоричноста на Пепси-Кола со пораките: „Лесното освежување“ и „Освежување без надуеност“.
Иновациите продолжуваат, почнало да се употребува новото спирално стаклено шише во 1958 година. Истата година е лансирана и кампањата „Биди друштвен, земи си Пепси“.
Пепси се раширил и меѓународно и станал достапен во 120 држави во светот. Доналд Кендал, претседател на Pepsi-Cola International, во 1959 година договорил средба на потпредседателот Ричард Никсон и советскиот претседател Хрушчов во киоск на Пепси-Кола. Фотографиите на светските водачи, кои пијат Пепси, се објавени во духот на дружењето во весниците и часописите по целиот свет.
„Дружељубиви“ била првата кампања на Пепси-Кола, која се сосредоточила на младите како на основна целна група, а потоа следела уште една со наслов „Сега е Пепси за оние кои размислуваат како млади“.

Пепси генерација

Сѐ било припремено за следното ниво маркетиншки дострели. Доцните педесети години со повојниот „бејби бум“ за секогаш ги промениле мислењата на американците за тоа како треба да се живее. Тоа била новата генерација, која вовела нов стил на живеење со полна убеденост дека тоа што ќе дојде ќе е многу подобро од она што дотогаш било.
Пепси-Кола го препознала тој дух и се идентифицирала со американците на тоа време. Тие биле првата „Пепси генерација“. Современата Америка го доживува Пепси како свој, под знамето на „Оживеј! Ти си дел од Пепси генерацијата“.
Кампањата, која била лансирана во доцните шеесетти години, поставила нови стандарди во рекламната индустрија, Подобро од било кој друг со таа кампања Пепси успеал да нацрта портрет на Америка која го живее животот со полни гради.
Сѐ од тогаш духот на таа рекламна кампања е препознатлив и непогрешлив дел на популарните рекламни пораки „Придружи им се на Пепси луѓето, чувствувај се слободно“... „Имаш многу за живеење, Пепси има многу за давање“... „Имај Пепси ден“... „Фати го Пепси денот“... „Долови го Пепси духот“... „Пепси сега!“... „Радоста на Пепси“ - тоа се рекламни кампањи, кои биле огледалото на Америка и кои го прикажувале она што го прави Пепси генерацијата.
Првите 65 години Пепси-Кола продавала само еден производ - Пепси. Со „бејби бум“-от не се променило само населението, туку и навиките за прехранување. Компанијата токму заради тоа во 1964 година го развила новиот нискокалоричен пијалок со вкусот на Пепси-Кола: Диет Пепси. На почетокот Диет Пепси се рекламирал заедно со Пепси, а подоцна добил свој сопствен идентитет. Една од првите кампањи „Набљудувачи на девојки“ имала своја песна, која станала така омилена, што била сместена на листата Топ 40.
Во 1964 година на сѐ поголемата фамилија на трговски марки на Пепси-Кола ѝ се придружил и освежителниот пијалок Mountain Dew и нивната рекламна порака станала многу позната. Лименките со Пепси исто така станале многу популарни, и почнале комерцијално да се дистрибуираат веќе следната година. Таа година Пепси-Кола се здружила со успешната компанија Frito-Lay Inc. од Далас, која е позната по солените грицки така настанала PepsiCo Inc. - една од најголемите компании за производство на производи за широка потрошувачка во САД. Основач на компанијата бил Доналд Кендал.
Компанијата се проширила, и почнала со производство на пијалоци за освежување во Источна Европа и во Јапонија.

Предизвикот на Пепси

Станало веќе јасно дека Пепси, новата и енергична компанија, која е сѐ поуспешна, ја предизвикува Кока-Кола, најголемата компанија за производство на пијалоци за освежување. Медиумите веќе го нарекле овој натпревар „Кола војна“, сето тоа заедно пак имало значајно влијание врз индустријата на пијалоци за освежување.
Во 70-тите години Пепси продолжил со развојот. На пазарот излегле големите стаклени шишиња, потоа со воведувањето на пластиката фамилијарните пакувања станале многу поедноставни за употреба. Во 1970 година компанијата се преселила од Њујорк Сити во Purchase, Њујорк.
Заедно со потрошувачите се менува и Пепси.
Диеталниот Пепси забележал извонреден раст на продажбата, рекламите за Mountain Dew пак биле за првпат пуштани на националните телевизии. 15 години по средбата на подпретседателот Никсон со советскиот премиер Хрушчов, Пепси станал првиот амерички производ кој се произведувал во тогашниот Советски Сојуз.
Кога тестовите со потрошувачите покажале дека на луѓето повеќе им се допаѓа вкусот на Пепси-Кола отколку Кока-Кола, се родил предизвиот на Пепси, главната стратегија на новата меѓународна маркетиншка компанија.
Со тој предизвик компанијата се запишала во историјата на маркетингот и придобила дел од пазарот. До 1976 година Пепси-Кола со својот фантастичен развој станала една од најдобро продаваните трговски марки помеѓу пијалоците за освежување во супермаркетите во цела Америка. До почетокот на 80-тите години Пепси го достигнала првото место меѓу сите трговски марки, а не само кај пијалоците. Пазарот со диетални производи продолжил со раст а со него и Диеталното Пепси. Исто така и Mountain Dew постигнувал успеси со помош на својата нова рекламна кампања.

Пепси влегува на музичките топ листи

Во 1984 година ретко кој забележал дека „Пепси генерацијата“ ја празнува својата дваесетгодишнина.
Главната улоги при рекламирањето ја добила поп музиката. “Пепси. Избор на новата генерација“ била кампања лансирана во 1984 година и Пепси уште еднаш ја докажал својата надмоќ на подрачјето на современата култура. „Новата генерација“ ја представувала најголемата ѕвезда од тој период Мајкл Џексон, кој со својот хит „Били Џин“ гостувал во серија реклами на Пепси.
Успехот не изостанал. Најголемиот конкурент на Пепси, Кока-Кола, била присилена да го промени својот вечен рецепт и да го прилагоди на вкусот на потрошувачите. Заради неуспехот Кока-Кола морала да се врати кон стариот вкус, но сега под новото име Кока-Кола Класик. Претседателот на Пепси, Роџер Енрико објавил победа во „кола војната“ и ги наградил сите вработени со додатен одмор и голема прослава.
Во 80-тите години списокот на супер ѕвезди, кои ја позајмиле својата волшебност на Пепси се проширил: иконите на поп музиката, како што е Лајонел Ричи, Тина Тарнер, Дејвид Боуви, Глен Фреј и Глорија Естефан, па дури и врвните спортисти Џое Монтана и Дан Марино, Џералдин Фераро, првата жена кандидат за потпредседател на САД, се појавиле во рекламите за Диет Пепси. Нескротливиот Мајкл Џ. Фокс се појавува со својот талент во серија реклами за Диет Пепси. Сѐ вратил дури и Мајкл Џексон. Пепси го претставил своето прво патување со Спејс Шатлот со посебно обликувана вселенска лименка.
Преку рекламирањето Пепси го проширил кругот на потрошувачи и го зголемил меѓународниот пораст. Новите граници биле поместени со дистрибуцијата во Кина.

Омилен пијалок во сите краеви на светот

Во 90-тите години почнал нов период во работата на Пепси-Кола. Компанијата го потпишала најголемиот трговски договор во историјата со Советскиот Сојуз. За да се постигне долгорочен раст, Пепси инвестира на пазари со високи потенцијали како што се Југозападна Азија, Источна Европа, Мексико и Аргентина.
Во САД 90-тите најавиле нова генерација и освојување награди во рекламирањето.
Музичката легенда Реј Чарлс за Пепси ја отпеа "You Got the Right One Baby, Uh-Huh!".
супер моделот Синди Крафорд помагала при представувањето на новиот имиџ на Пепси амбалажата. Со помош на кошаркарската ѕвезда Шекил О'Нил Пепси ја подсетил Америка да „Биде млада, нека се забавува и нека пие Пепси“.
Mountain Dew заедно со Diet Mountain Dew ги представуваат веќе шестиот најдобро познат освежителен пијалок во Америка и ја шири својата моќ на привлекување на генерацијата X со помош на своја сопствена дружина.
Првите реклами за Пепси производи надвор од САД се појавиле во Јужна Америка. Безкофеинскиот Пепси, Диет Пепси и Mountain Dew најмногу помогнале да биде барана целата палета на Пепси производите. Кон нив се приклучила и линијата на производи "Slice".
Пепси ја раширил својата понуда и станал претставник на новиот тип на компании - комплетна компанија на пијалоци. Во желбата да биде најдобар во производството на освежувачки безалкохолни пијалоци, Пепси Кола произведува вода, кафе, сокови, како и газирани и негазирани пијалоци.
Во партнетството со компанијата Thomas J. Liptona, кое било склучено во 1991 година, Пепси станал водечки производител на пазарот со готови чаеви со докажаната трговска марка Lipton Brisk.
Резултат на уште едно партнерство со ексклузивниот производител на кафе Starbucks, е производството на фрапучино, новиот ледено освежителен пијалок на основа на кафе. Фрапучиното набрзо станало најомиленото готово кафе помеѓу потрошувачите.
Со представувањето на водата во шише Aquafina Пепси стапнал во историјата, затоа што многу брзо станала најдобро продавана вода во шише на национално ниво, која ја раширила палетата на производи со воведување на нови вкусови и газирани односно обогатени води.
Пепси бил прва компанија, кој за Диет Пепси вовела датум на употребливост на производот, и тоа подоцна станал стандард за сите производи на Пепси.
Во 1997 година бил представен проектот "GenerationNext" што значи враќање кон старата добра „Пепси генерација“, прилагодена на новите услови. Во 1998 година Пепси славел 100 годишнина и лансирал нова лименка за новиот милениум.
Новиот дизајн, наречен "GLOBE" представува стилизиран тродимензионален глобус на Пепси на сина позадина, заокружен со коцки лед. Логотипот започнал да се употребува на сите производи на Пепси.

Нов милениум

На почетокот на новиот милениум врвната екипа за истражување и развој во Пепси издала серија на нови производи. Mountain Dew добил неколку нови вкусови: Mountain Dew со вкус на вишња и Mountain Dew со вкус на портокал.
Sierra Mist била првата национална трговска марка на Пепси со вкус на лимон. Пепси сега ги има Pepsi One, Пепси Твист со вкус на лимон, Пепси Ванила, Pepsi Edge - кола со двапати помалку калории и шеќер од стандардната кола.
Потрошувачите почнале да бараат негазирани Пепси вкусови и Пепси реагирал така што превзел линија на познатите здрави пијалоци SoBe и новата понуда на производи како што се соковите Dole и Tropicana. Рекламна кампања во етерот, на интернет и во близина на автоматите со пијалоци за освежување додатно помогнала кон доминацијата на Пепси на пазарот.
Малата глумица Хали Ајзенберг ги освоила америчките срца како „Пепси девојка“ во кампањата „Радоста на Кола“. Во таа кампања бил употребен гласот на Марлон Брандо, Исак Хејс и Арета Френклин. Подоцна кон ТВ рекламата „Пепси девојка“ се придружиле и членовите на групата Faith Hill, а потоа и членовите на групата Kiss.
Во кампањата „Радоста на Пепси“ пееле најпопуларните музички ѕвезди како Бритни Спирс, Шакира, и Бијонсе.

Пепси во дигиталното време

Mountain Dew ја искористил предноста на групата Dew Dudes и нивниот екстремен стил на живеење, од стрмоглавите спуштања од планините до предизвикување на гепардите.
Здружувањата на Пепси со останати познати трговски марки уште повеќе ја зацврстува нејзината глобална присутност.
Во соработка со компанијате Аpple Computer, Inc. Пепси преку услугите iTunes и iPod на корисниците им овозможува бесплатно симнување на музика и други награди.
Во светот на спортот Пепси соработува со најголемите лиги во безбол, фудбал и рагби, како и со некои од најголемите имиња во тие спортови.
Компанијата и денеска внесува иновации, создава нови производи и разновидни амбалажи со цел да ги задоволи растечките потреби на своите корисници по целиот свет.