“ Уште едно Пепси можеби те чека под етикетата- отвори и откриј! “
1. ИМЕ НА АКТИВНОСТА И ОРГАНИЗАТОР
Организатор на наградната игра со име “Уште едно Пепси можеби те чека под етикетата- отвори и откриј! “ е Прилепска пиварница АД-Прилеп, со седиште на ул “Цане Кузманоски” бр.1 Прилеп, со ЕДБ 4021991109104 и ЕМБС 4071344.
2. Времетраење на наградната игра:
Наградната игра“Уште едно Пепси можеби те чека под етикетата- отвори и откриј! “ќе започне на 20.07.2025 и ќе трае до 04.10.2025.
3. Територија:
Место на одржување на наградната игра е целата територија на Република Северна Македонија.
4. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Во наградната игра право на учество имаат сите консументи на производитеод Прилепска пиварница А Д Прилеп (организатор на наградната игра) и тоа „Пепси Кола“ во неповратно пакувањe од 0,5л ПЕТ (пластика) и “Пепси Зеро” во неповратно пакување од 0,5л ПЕТ (пластика), а постари од 18 години, освен вработените во Прилепска Пиварница АД-Прилеп како и членовите на нивните потесни семејства.
5. Цел на наградната игра:
Наградната игра, Организаторот Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ја прави со цел рекламирање на производот „Пепси Кола“ од 0,5 л. ПЕТ (пластика) и “Пепси Зеро” во пакување од 0,5л ПЕТ (пластика).
6. Начин за учество вo наградната игра:
За да се учествува во наградната игра потребно е да се купи „Пепси Кола“ во неповратно пакувања од 0,5 л ПЕТ (пластика) или “Пепси Зеро” во неповратно пакување од 0,5 л ПЕТ (пластика) од Прилепска пиварница А.Д. Прилеп и да се провери задната страна на етикетата. Доколку на задната страна од етикетата пишува “ДОБИТНО!”, етикетата е добитна, а доколку пишува“ОБИДИ СЕ ПОВТОРНО”, етикетата е недобитна.
Пакувањата од ПЕТ амбалажа кои ќе учествуваат во наградната игра ќе бидат со посебни етикети назначени дека се за наградна игра.
Секое лице кое ги исполнува условите за да учествува во наградната игра, може да учествува во истата неограничен број пати.
Доколку учесникот купи шише „Пепси Кола“ од 0,5л со, недобитна етикета, односно етикетана која на на задната страна пишува“ОБИДИ СЕ ПОВТОРНО”, не добива награда и може да продолжи да учествува во наградната игра со купување на нов производ Пепси Кола“ од 0,5л ПЕТ или “Пепси Зеро” во пакување од 0,5 л ПЕТ.
Ако на задната страна од етикетата пишува “ДОБИТНО!” – добитна етикета, во тој случај потенцијалниот учесник е добитник на „Пепси Кола” 0,5л ПЕТ или Пепси Зеро” 0,5 л ПЕТ.
7. Подигнување на наградите
Подигнувањето на наградите се врши веднаш во трговскиот и услужниот објект во Република Северна Македонија од каде е претходно набавено добитното шише.
Контрола на валидноста на добитната етикета, односно етикета на која на задната страна пишува “ДОБИТНО!”, ја врши лицето вработено во трговскиот и услужниот објект каде од страна на учесникот било купено добитното пакување.
При подигнување на наградата, треба да се приложи добитната етикета, на која на задната страна пишува “ДОБИТНО!”,кај лице вработено во продажниот објект каде што е купен производот шише „Пепси Кола” 0,5 ПЕТ (пластика) или Пепси Зеро” 0,5 л ПЕТ . Наградата се подигнува веднаш или најдоцна 30 дена по завршување на наградната игра 04.10.2025 со самото положување на добитната етикета.
Со приложување на добитната етикета во трговскиот и услужниот објект секој добитник е должен кај лицето вработено во трговскиот и услужниот објект да остави лични податоци, име и презиме и место на живеење со приложување на увид лична карта. Резултатите од наградната игра ќе бидат објавени во рок од три дена од денот на утврдувањето на добитниците и тоа на web страната www.pepsi.com.mk.
Организаторот после 04.10.2025 ќе ги повлече сите амбалажи на кои ќе биде назначено дека се за наградната игра.
8. Приговори:
Незадоволниот учесник има право на писмен приговор во рок од 5 дена од денот на објавување на добитниците, а Прилепска пиварница АД-Прилеп ќе одговори на приговорот во рок од 15 дена од денот на поднесување на приговорот. Приговорите ќе се разгледуваат само доколку се упатени по писмен пат на адресата на Организаторот Прилепска Пиварница АД Прилеп со седиште на ул.„Цане Кузманоски“ бр. 1 Прилеп.
9. Запознавање на учесниците со наградната игра:
Правилата на наградната игра, со цел запознавање на учесниците на истата, по добивањето на согласност од Министерството за финансии, пред започнувањето на наградната игра, ке бидат објавени јавно на официјалната веб страна на Организаторот на наградната игра, www.pepsi.com.mk . За начинот на учество во наградната игра ќе се емитуваат и телевизиски спотови, а учесниците ќе бидат запознаени и преку рекламни материјали – постери и слично.
10. Награден фонд на наградната игра:
Награди кои ќе бидат доделени во наградната игра со име “Уште едно Пепси можеби те чека под етикетата- отвори и откриј! “ во организација на Прилепска Пиварница АД-Прилеп се:
| Р.бр. | опис на награда | Количина шишиња | Нето цена ден | Ддв 18% ден | Единечна цена со ДДВ/ден | Вкупно со ДДВ/ден |
| 1 | Пепси Кола 0,5л ПЕТ (пластика) | 210.000 | 24,58 | 4,42 | 29,00 | 6.090.000 |
| 2 | Пепси Зеро 0,5л ПЕТ (пластика) | 20.000 | 24,58 | 4,42 | 29,00 | 580.000 |
| ВКУПНО | 230.000 | 6.670.000 |
11. Обработка на лични податоци:
Со пополнувањето на пријавата за наградната игра, учесникот во наградната игра изречно се согласува дека организаторот, до отповикување од страна на учесникот, може да прибира, води, чува и обработува збирка собрани лични податоци на наградените и регистрираните корисници, за изведување на наградната игра и известување за наградната игра. Oрганизаторот се обврзува дека ќе ракува со спомнатите податоци во согласност со позитивните прописи со кои е уредена заштитата на личните податоци. Обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг ќе се извршува во целост во согласнот со Законот за заштита на личните податоци, а секој учесник во наградната игра има право во секое време бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.
Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за законски цели при изведување на наградната игра.
Организаторот се обврзува дека ќе ги обработува, чува и уништи податоците во согласност со законодавството со кое е уредена заштитата на личните податоци. Организаторот на наградната игра се обврзува дека ќе ги обработува и чува во период од 3 месеци после завршување на наградната игра по што ќе ги уништи согласно процедурата на организаторот, а според прописите за заштита на личните податоци.
12. Реклама на наградната игра:
Сите трошоци за наградната игра ги сноси Прилепска Пиварница АД-Прилеп од својот буџет за реклами. Наградната игра ќе се рекламира во електронски медиуми (телевизија, радио и интернет), печатени и други медиуми како и на местата каде се продаваат производите.
13. Во случај на спор помеѓу Оргнизаторот и учесниците на наградната игра надлежен е Основен суд Прилеп.
14. Важност на правилата на наградната игра:
Овие правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за финансии ќе изададе Дозвола за приредување на игра на среќа-наградна игра и ќе важат се до завршувањето на наградната игра. Со учество во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.
Организатор,
Прилепска пиварница АД Прилеп