Политика на приватност и колачиња

Вовед и општи услови

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп е посветена да ги штити вашите лични информации кога ги користите нашите веб-страни, апликации, кога се дел од нашите промоции или кога нè контактирате со прашања.

Оваа Политика за Приватност и колачињата се однесува на употребата на личните информации кои ги добиваме од вас преку следниве услуги:

  • Било која веб-страна на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп
  • Социјални медиуми, платформи за пораки или официјални содржини од Прилепска пиварница А.Д. Прилеп на други веб-страни или апликации;
  • Апликации на мобилни уреди;
  • Телефонската линија за грижа за потрошувачи;
  • Било која официјална електронска адреса или СМС број на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп; или
  • Поштенската адреса за грижа за потрошувачи.

Со цел да го оптимизираме обезбедувањето на нашите услуги до вас и да олесниме некои од нашите маркетинг напори, ние собираме одредени специфични информации за вас.

Политиката на приватност и колачиња го објаснува следново:

  • Кои информации Прилепска пиварница А.Д. Прилеп може да ги собира за вас;
  • Како Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ќе ги користи информациите што ги собира за вас;
  • Кога Прилепска пиварница А.Д. Прилеп може да ги користи вашите податоци за да ве контактира;
  • Вашите одлуки во однос на личните информации што ни ги обезбедувате;
  • Вашите одлуки во однос на личните информации што ни ги обезбедувате;

Ние ги користиме сите лични информации кои ни ги обезбедувате или ги прибираме во согласност со Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти од областа на заштитата на личните податоци.

Веб-страните на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп може да имаат линкови до веб страници кои се поседувани или одржувани од трети страни. Овие веб страници на трети страни имаат свои политики на приватност и исто е веројатно да користат колачиња. Ние препорачуваме да ги прегледнете овие политики кои се однесуваат на употребата на вашите лични податоци кои ги внесувате кога ги посетувате овие веб страници а кои исто така може да се собираат од колачињата. Ние не превемаме никаква одговорност за веб страниците на третите страни и нивното користење од ваша страна е на ваш ризик.

Какви информации ќе прибира Прилепска пиварница А.Д. Прилеп за мене?

Кога учествувате, пристапувате или се најавувате на било која од услугите, активностите или онлајн содржините на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп (вклучувајќи социјални медиуми или апликации за праќање пораки), како што се билтени, промоции, разговори во живо, форуми, веб или мобилни нотификации или гласања, ние може да добиеме лични податоци за вас. Овие податоци ги вклучуваат вашето име, електронска адреса, поштенска адреса, фиксен или мобилен телефон, пол или датум на раѓање, како и информации кои се собрани за вашето користење на услугите на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, какви што се: што сте прочитале, гледале или направиле на нашите веб страници, апликации или кога сте користеле некои од другите наши услуги.

Некои од нашите услуги ви дозволуваат да се најавите преку услуга на трета страна, како што е Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Доколку се одлучите да се најавите преку услуга на трета страна, ќе ви биде прикажан дијалог прозорец при што Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ќе ви побара дозвола за пристап до вашите лични податоци (на пример: целосното име, датум на раѓање, електронска адреса или било која друга информација која сте овозможиле да биде јавно достапна за страниците на третите страни).

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп исто така собира информации за тоа како ги користите мобилните апликации на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, веб-страниците или другите онлајн содржини, уредите кои ги користите за да добиете пристап до услугите, како и единствените онлајн идентификатори како што се IP адреси, кои се бројки кои можат уникатно да идентификуваат специфичен компјутер или друг мрежен уред на интернет. За повеќе информации, ве молам погледнете го делот од оваа политика за тоа како Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ги користи колачињата и сличните технологии.

Како Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ќе ги користи информациите што ќе ги собере за мене?

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ќе ги користи вашите лични податоци за различни цели, како што се:

  • Давањето на нашите услуги, активности или онлајн содржини, комуницирање информации за нив (на пример: во врска со претстојни промоции или нови продукти) или справување со вашите барања и побарувања;
  • администрација на услуги, што значи дека Прилепска пиварница А.Д. Прилеп може да ве контактира од причини поврзани со услугата, активноста или онлајн содржината за која сте се пријавиле (на пример, да ве известиме за администрацијата на промоција на која сте учествувале или да ве известиме дека одредена услуга, активност или онлајн содржина е суспендирана поради одржување или ажурирање на нашата Политика за приватност и колачиња);
  • прилагодување на содржината што ја гледате на нашите веб страници и апликации и рекламирањето што го гледате на нашите веб страници, апликации или други страници и услуги;
  • работа со трети лица за да ви прикажеме релевантни рекламни содржини на тие трети страници,
  • контактирање со вас за било кој поднесок што сте го направиле;
  • користење на IP адресите и идентификаторите на уредите за да ја идентификува локацијата на корисниците, блокирање на несоодветно користење, утврдување на бројот на посети од различни земји, прилагодување на содржината на нашите веб-страници, апликации или други услуги врз основа на однесувањето при прелистување и одредување од која земја пристапувате кон услугата;
  • анализа и истражување за да можеме да ги подобриме услугите што ги нуди Прилепска пиварница А.Д. Прилеп.

Каде што Прилепска пиварница А.Д. Прилеп предлага користење на вашите лични податоци за било која друга употреба, ние ќе се осигураме дека претходно ќе ве известиме или ќе побараме ваше одобрување согласно позитивните законски прописи.

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ги собира и користи личните податоци за вас за целите опишани погоре, бидејќи имаме легитимен деловен интерес да го сториме тоа, што не ги надминува вашите права поврзани со заштитата на вашите лични податоци. Вие не сте обврзани да и доставите на Прилепска пиварница АД Прилеп било кој од личните податоци опишани погоре, но ако одлучите да не го сторите тоа, можеби нема да можете да добиете некоја од услугите опишани погоре, да пристапите до одредени делови на нашата веб страница, да учествувате во нашите промоции или да ги добиете информациите што сте ги побарале од нас.

Кога ќе ме контактира Прилепска пиварница А.Д. Прилеп?

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп може да ве контактира:

  • во врска со која било коресподенција што ја добиваме од вас или коментар или жалба што ќе ја направите за производи или услуги на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп;
  • во врска со било кој придонес или прашање што сте го доставиле до Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, на пример на страниците на социјалните медиуми на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, преку текст, говорна пошта или друг вид на пораки;
  • да ве информираме за какви било материјални промени во политиките и практиките на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп; и
  • за маркетинг цели, под услов да дадете согласност како што е наведено во политиката.

Веб страницата што ја посетувате ќе ви даде детални информации за тоа како ќе ве контактира Прилепска пиварница А.Д. Прилеп во врска со конкретни услуги, активности или онлајн содржини.

Дали ќе бидам контактиран за маркетинг цели?

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ќе ви испрати маркетинг пораки, известувања или ќе ве контактира за маркетиншки цели само во случај да се согласите со тоа. Можете да ја повлечете вашата согласност во секое време со кликање или со одбирање на опцијата „отпишување“ во нашата маркетинг комуникација или со користење на контакт деталите неведени во оваа политика.

Меѓународни трансфери на лични податоци

Пренос на лични податоци во други држави може да се изврши само доколку другата држава обезбеди соодветен степен на заштита на лични податоци.

Нивото на заштита обезбедено од страна на друга држава, Дирекцијата за заштита на личните податоци го оценува врз основа на:

  • природата на податоците;
  • целта и времетраењето на предложената операција или операции за обработка;
  • државата во која ќе се пренесат податоците;
  • владеење на правото и
  • мерки за безбедност кои постојат во таа држава.

Ако Европската комисија утврди дека третата земја не обезбедува соодветно ниво на заштита во однос на преносот или категорија на пренос на лични податоци, Дирекцијата по приемот на известувањето издава решение за забрана на пренос на лични податоци.

Ако Европската комисија утврди дека третата земја кон која се подготвувал пренос на лични податоци не обезбедува соодветно ниво на заштита, Прилепска пиварница АД Прилеп ќе го забрани преносот на податоци кон таа земја.

По исклучок, преносот на личните податоци може да се изврши во следниве случаи:

  • субјектот на лични податоци изречно се согласил да се изврши пренос на податоците;
  • преносот е неопходен заради спроведување на договор на субјектот на лични податоци и контролорот или спроведување на преддоговорни мерки преземени како одговор на барањето на субјектот на лични податоци;
  • преносот е неопходен заради склучување или исполнување на договор склучен во интерес на субјектот на лични податоци, меѓу контролорот и трето лице;
  • преносот е неопходен заради заштита на јавен интерес или заради јавната безбедност;
  • преносот е неопходен заради утврдување или остварување на поединечни правни интереси;
  • преносот е неопходен заради заштита на животот или суштинските интереси на субјектот на лични податоци и
  • преносот се врши од јавно достапни збирки на лични податоци или од збирки на лични податоци достапни за лице кое ќе го стори веројатен својот правен интерес во обем утврден со закон.

Преносот на лични податоци во други држави кои не обезбедуваат најмалку исто ниво на заштита на лични податоци како во Република Македонија, може да се изврши по претходно одобрение од страна на Дирекцијата, под услов да бидат обезбедени соодветни гаранции за заштита на приватноста, правата и слободите на субјектот на лични податоци.

Доколку државата во која треба да се пренесат податоците не обезбеди соодветен степен на заштита на личните податоци, Прилепска пиварница А.Д. Прилеп нема да го изврши преносот на личните податоци.

Навредливи или несоодветни содржини на веб-страните на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп

Ако објавувате или праќате агресивна, несоодветна или непристојна содржина било каде на или во веб страниците на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп или на друг начин се вклучите во било какво несоодветно однесување на било кој сервис на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, Прилепска пиварница А.Д. Прилеп може да ги користи вашите лични податоци за да го прекине таквото однесување.

Онаму каде што Прилепска пиварница А.Д. Прилеп разумно верува дека сте прекршиле или може да прекршите било какви применливи закони (на пример: каде содржината што сте ја објавиле може да биде со клевети), Прилепска пиварница А.Д. Прилеп може да ги користи вашите лични податоци за да ги информира надлежните органи.

Колку долго Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ќе ги задржи моите лични податоци?

Ние ќе ги чуваме вашите лични податоци во нашите системи онолку долго колку што е потребно за релевантната активност, освен ако не е потребен или дозволен подолг период на чување според закон.

Генерално, ако ги доставувате вашите лични податоци за да учествувате во промоција, ние ќе ги чуваме вашите лични податоци онолку колку што е потребно за администрирање на таа промоција.

Ако се регистрирате на нашите билтени за електронска пошта / маркетиншки комуникации, ќе ги зачуваме вашите лични податоци до моментот кога ќе побарате истите да бидат избришани (ако одберете да се откажете во било кое време, тогаш е вообичаено да задржиме некои од вашите лични податоци за да бидеме сигурни дека повторно нема да бидете контактирани).

Може ли да ги видам или избришам личните податоци што ги има Прилепска пиварница А.Д. Прилеп за мене?

До степенот потребен според важечките закони, имате право да побарате копија од личните податоци што ги поседува Прилепска пиварница А.Д. Прилеп за вас и да ги корегирате неправилностите. Ние ќе вложиме разумни напори за снабдување, поправка или бришење на лични податоци за вас во нашите датотеки.

Исто така, имате право да побарате да се поправи обработката на вашите лични податоци или истите да се избришат, нивната обработка да биде ограничена или личните податоци што ги имаме за вас да ви се достават во преносен формат.

Колачиња на веб прелистувачот

a. Што е колаче?

Колачињата се текстуални датотеки поставени на вашиот компјутер за да се соберат стандардни информации за логирањето на интернет и информации за однесувањето на посетителите. Овие информации се користат за да се следи користењето на веб-страната на посетителите и за составување на статистички извештаи за активностите на веб-страната. За повеќе информации, видете на  www.aboutcookies.org. Можете да го поставите вашиот пребарувач да не прифаќа колачиња, а горенаведената веб-страна ви кажува како да ги отстраните колачињата од вашиот прелистувач. Меѓутоа, ако го направите тоа во неколку случаи, некои од карактеристиките на веб-страната можеби нема да функционираат како резултат.

Колачињата се текстуални датотеки поставени на вашиот компјутер за да се соберат стандардни информации за логирањето на интернет и информации за однесувањето на посетителите. Овие информации се користат за да се следи користењето на веб-страната на посетителите и за составување на статистички извештаи за активностите на веб-страната. За повеќе информации, видете на www.aboutcookies.org. Можете да го поставите вашиот пребарувач да не прифаќа колачиња, а горенаведената веб-страна ви кажува како да ги отстраните колачињата од вашиот прелистувач. Меѓутоа, ако го направите тоа во неколку случаи, некои од карактеристиките на веб-страната можеби нема да функционираат.
Во

Во текот на секоја посета на веб-страната на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, страниците што ги гледате, заедно со колачето, се преземаат на вашиот уред. Многу веб-страници го прават ова, бидејќи колачињата им овозможуваат на издавачите на веб-страници да направат корисни работи како што се: да дознаат дали уредот (и веројатно неговиот корисник) претходно ја посетиле веб-страницата. Ова се прави при постојана посета со цел да се провери и да се пронајдете колачето што останало при последната посета. Ако продолжите без да ги промените вашите поставки, претпоставуваме дека сте среќни да ги примите сите колачиња на вебстраницата на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп. Сепак, можете да ги промените вашите поставки за колачиња во секое време.

б. Како Прилепска пиварница А.Д. Прилеп користи колачиња?

Информациите обезбедени од колачињата можат да ни помогнат да го разбереме профилот на нашите посетители и да ни помогне да ви обезбедиме подобро корисничко искуство. Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ги користи овие информации за да помогне во подобрувањето на услугите и комуникацијата што им ги нуди на своите корисници и да разбере кои други вебсајтови ги посетиле со цел подобро да ги разберат нивните интереси. Ние користиме само колачиња кои се неопходни за да ви ја обезбедиме нашата веб-страница ако сте дале согласност за тоа.

в. Колачиња од трети страни во вметнатите содржини на страниците на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп

Забележете дека за време на вашите посети на веб-сајтовите на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп може да забележите некои колачиња кои не се поврзани со Прилепска пиварница А.Д. Прилеп

Ние понекогаш внесуваме содржини од социјалните медиуми и други трети страни на нашите веб-страници. Тие можат да вклучуваат копчиња од Google, YouTube, Twitter, Facebook, Instagram и слично. Како резултат на тоа, кога ќе ја посетите страницата што содржи таква содржина, можеби ќе бидете претставени со колачиња од овие веб-страници и овие колачиња од трети страни може да ја следат вашата употреба на веб-сајтот на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп. Прилепска пиварница А.Д. Прилеп не контролира ширење на овие колачиња и треба да ја проверите веб-страницата на релевантната трета страна за повеќе информации.

Таму каде што Прилепска пиварница А.Д. Прилеп внесува содржини од социјалните медиуми и други веб-сајтови од трети лица, некои веб-сајтови добиваат можност да го користат Google Analytics за да собираат податоци за однесувањето на корисниците за свои цели. Прилепска пиварница А.Д. Прилеп не го контролира ова. За повеќе информации, видете ја веб-страницата на Google: “Како Google користи податоци кога користите веб-страници или апликации на нашите партнери”.

d. алатки за споделување

Вие исто така може да забележите дека на веб-страниците на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп има копчиња за споделување и тие им овозможуваат на корисниците лесно да ги споделат содржините со своите пријатели преку голем број популарни социјални мрежи. Кога ќе кликнете на едно од овие копчиња, колачето може да биде создадено од платформата преку која сте одлучиле да споделите содржини. Повторно, Прилепска пиварница А.Д. Прилеп не го контролира ширењето на овие колачиња.

e. колачиња

Можете да го конфигурирате вашиот прелистувач да ги прифати сите колачиња, да ги одбие сите колачиња или да ве извести кога е поставено “колаче”. (Секој прелистувач е различен, затоа проверете го менито “Помош” на вашиот интернет пребарувач за да дознаете како да ги промените вашите параметри за колачиња.)

Сите колачиња ќе истечат по 90 дена.

f. Употреба на колачиња

Ние можеме да користиме податоци за колачиња за да ви покажеме релевантно рекламирање на трети страни (на пример Фејсбук, Google, Instagram, Snapchat и Твитер). Ова може да вклучи прикажување на рекламна порака каде што знаеме дека претходно сте ја посетиле вебстраницата на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп. Ако не сакате да бидат прикажани насочени рекламни пораки од Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, некои трети страни ќе ви дозволат да не гледате пораки од одредени рекламодатели на тоа место во иднина. Ако сакате да ги сопрете сите персонализирани сервиси од Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, вклучувајќи ги и целните рекламни пораки на трети страни, можете да ги посетите поставувањата на вашиот прелистувач и таму да ја оневозможите персонализација.

g. Други информации собрани од веб прелистувачи

Вашиот веб-прелистувач исто така може да им обезбеди на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп информации за вашиот уред, како што се IP / MAC адреса и детали за прелистувачот што го користите. Ние ги користиме информациите обезбедени од вашиот прелистувач или од линкот што сте го кликнале за да ја разбереме веб-страницата која ве упатила на веб-страницата на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп и ова може да биде дознаено со колачињата за ефикасност.

Промени во Политиката за приватност и колачиња на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп

Оваа Политика за приватност и колачиња може да се ажурира од време на време, па можеби ќе сакате да ja проверите секојпат кога пристапувате или поднесувате лични податоци на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп. Датумот на најновите ревизии ќе се појави на оваа страница.

Контактирање со Прилепска пиварница А.Д. Прилеп за оваа Политика за приватност и колачиња /

Ако имате какви било прашања или коментари за оваа Политика за приватност и колачиња, можете да не консултирајте преку нашата форма на pepsi.com.mk/kontakt/.

Датум на влегување во сила: 25.05.2019

Последна измена: 20.05.2019