ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА
“Со Пепси до ATV авантура”
- Организатор на наградната игра:
Организатор на наградната игра со име “Со Пепси до ATV авантура”е Прилепска Пиварница АД-Прилеп, со седиште на ул. „Цане Кузманоски“ бр.1 Прилеп, со ЕДБ 4021991109104 и ЕМБС 4071344.
2. Времетраење на наградната игра:
Времетраењето на наградната игра “Со Пепси до ATV авантура ” е периодот од 10.06.2026 година (од 00.00 часот – почеток на наградната игра) до 31.07.2026 година (до 24.00 часот – крај на наградната игра).
3. Место на одржување на наградната игра:
Наградната игра се организира и спроведува на сите бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија на територија на Република Северна Македонија.
4. Цел на наградната игра:
Наградната игра, Организаторот Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ја прави со цел рекламирање на производите од „ПепсиКо“ портфолиото.
5. Право на учество:
Право на учество во наградната игра имаат сите лица постари од 18 години, освен вработените во Прилепска Пиварница АД-Прилеп, маркетинг агенцијата Футура 2/2 Скопје и ЛУКОИЛ Македонија, како и членовите на нивните потесни семејства.
Во наградната игра учествуваат следните производи:
Pepsi 0.33 лименка
Pepsi 0.5 ПЕТ амбалажа
Pepsi 1.25 ПЕТ амбалажа
Pepsi 1.5 ПЕТ амбалажа
Pepsi 1.75 ПЕТ амбалажа
Pepsi Lime 0.33 лименка
Pepsi Lime 1.75 ПЕТ амбалажа
Pepsi Zero 0.33 лименка
Pepsi Zero 0.5 ПЕТ амбалажа
Pepsi Zero 1.25 ПЕТ амбалажа
Pepsi Zero 1.5 ПЕТ амбалажа
Pepsi Zero 1.75 ПЕТ амбалажа
Mirinda Lemon 0.5 ПЕТ амбалажа
Mirinda Lemon 1.25 ПЕТ амбалажа
Mirinda Lemon 1.5 ПЕТ амбалажа
Mirinda Lemon 1.75 ПЕТ амбалажа
Mirinda Orange 0.5 ПЕТ амбалажа
Mirinda Orange 1.25 ПЕТ амбалажа
Mirinda Orange 1.5 ПЕТ амбалажа
Mirinda Orange 1.75 ПЕТ амбалажа6
6. Начин за учество во наградната игра:
За учество во наградната игра, потрошувачот треба да купи производи од Прилепска пиварница А.Д. Прилеп, по сопствен избор од погоре наведените, во минимален износ од 150 денари со ддв, при што добива една наградна грепка.
Постојат два вида на грепки и тоа добитни и недобитни. Доколку грепката е добитна, потрошувачот е добитник на производ „Пепси Кола” 0,33л лименка.
Доколку грепката е недобитна, потрошувачот треба да ги пополни бараните податоци (име и презиме, телефонски број и број на фискалната сметка) и да ја остави во брендираната кутија поставена на видно место на бензинската пумпа, за да учествува во главното извлекување за ATV возило HISUN 450.
Секое лице кое ги исполнува условите за да учествува во наградната игра, може да учествува во истата неограничен број пати.
Секоја злоупотреба од учесниците во наградната игра ќе биде веднаш пријавена од организаторот на наградната игра до надлежните државни органи.
7. Запознавање на учесниците со правилата на наградната игра:
Со цел запознавање на потенцијалните учесници, Правилата на наградната игра по добивањето на дозвола од Министерството за финансии ќе бидат објавени јавно на веб страната www.pepsi.com.mk пред почетокот на наградната игра. За наградната игра, потенцијалните учесници ќе бидат запознаени и преку социјалните медиуми и преку печатени рекламни материјали.
8. Награден фонд:
Награди кои ќе бидат доделени во наградната игра “Со Пепси до ATV авантура”во организација на Прилепска Пиварница АД-Прилеп се:
| Р.бр. | опис на награда | количина | единечна цена (без ДДВ) | единечна цена (со ДДВ) | Вкупно без ддв | Вкупно со ДДВ |
| 1 | ATV возило HISUN 450 | 1 | 234.533,90 | 276.750,00 | 234.533,90 | 276.750,00 |
| 2 | Пепси Кола 0,33л лименка | 1.000 | 23,31 | 27,50 | 23.310,00 | 27.500,00 |
| 1.001 | Вкупно 257.843,9 | Вкупно 304.250,00 |
Вкупниот максимален награден фонд на наградната игра “Со Пепси до ATV авантура” изнесува 257.843,9 денари без ддв односно 304.250,00 денари со пресметан ддв.
9. Извлекување на добитници:
Сите недобитни грепки, пополнети со бараните податоци (име и презиме, телефонски број и број на фискалната сметка), учествуваат во главното извлекување што ќе се случи на 07.08.2026 во 12 часот, во просториите на дистрибутивниот центар на Прилепска Пиварница АД, Прилеп, во Скопје, ул. Кадински пат бб. Извлекувањето ќе биде рачно по случаен избор со влечење на пликоата комплетирани со недобитни пополнети грепки претходно сместени во сад отворен само од горната страна од страна на членови од жири комисија составена од 3 (три) членови.
Членови на жири комисијата ќе бидат:
– 1 претставник од Прилепска Пиварница
– 2 претставници од маркетинг агенцијата Футура 2/2 Скопје
По извлекувањето сите добитници на наградите од член 8 ќе бидат објавени на www.pepsi.com.mk во рок од три дена.
За главната награда ќе биде извлечен и резервен добитник на кого ќе му биде доделена наградата во случај поради законски пречки или во случаите наведени во правилата за наградната игра наградата да не може да му биде доделена на добитникот.
10. Доделување на наградите:
Подигнувањето на наградите, Пепси Кола 0,33л лименка, се врши веднаш во бензинскaта станица на ЛУКОИЛ Македонија со приложување на добитната грепка и фискалната сметка. Контрола на валидноста на добитната грепка, ја врши лицето вработено во ЛУКОИЛ Македонија.
Добитникот на главната награда, ATV возило HISUN 450, ќе биде контактиран на оставениот телефонски број за подигнување на наградата. Превземањето на главната награда е од седиштето на организаторот Прилепска пиварница АД во рок од 30 дена. По истек на тој рок организаторот нема никаква одговорност и не е должен да ја предаде наградата. При превземање на главната награда, добитникот е должен да се легитимираат со приложување документ за лична идентификација.
Добитниците немаат можност да ги заменат своите награди за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту пак за кој било друг предмет.
Доколку добитникот од која било причина не е во можност да ја подигне наградата, може да назначи лице што ќе го стори тоа во негово име, со претходно известување до Организаторот.
11. Право на приговор:
Незадоволниот учесник има право на приговор во рок од 3 дена од денот на објавување на добитниците, а Прилепска пиварница АД-Прилеп ќе одговори на приговорот во рок од 5 дена од денот на поднесување на приговорот. Приговорите ќе се разгледуваат само доколку се упатени по писмен пат на адресата на Организаторот ул.„Цане Кузманоски„ бр. 1 Прилеп.
12. Даночни обврски:
Сите трошоци за наградната игра ги сноси Прилепска пиварница АД-Прилеп од својот буџет за реклами. Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци и одговорности поврзани со наградите вклучувајќи го и данок на личен доход. Секој од добитниците ќе добие потврда за добивка со подмирен данок на лиен доход, подготвена и заверена од организаторот на наградната игра.
13. Собирање, обработување и зачувување на лични податоци:
Со пополнувањето на пријавата за наградната игра, учесникот во наградната игра изречно се согласува дека организаторот, до отповикување од страна на учесникот, може да прибира, води, чува и обработува збирка собрани лични податоци на наградените и регистрираните корисници, за изведување на наградната игра и известување за наградната игра. Oрганизаторот се обврзува дека ќе ракува со спомнатите податоци во согласност со позитивните прописи со кои е уредена заштитата на личните податоци. Обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг ќе се извршува во целост во согласнот со Законот за заштита на личните податоци, а секој учесник во наградната игра има право во секое време бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.
Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за законски цели при изведување на наградната игра.
Организаторот се обврзува дека ќе ги обработува, чува и уништи податоците во согласност со законодавството со кое е уредена заштитата на личните податоци.
Учесниците во наградната игра се согласуваат нивниот податок телефон и електронска пошта да може да се користи за комуникација како и да може јавно да се објави доколку бидат извлечени.
14. Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик. Со самото учество во наградната игра учесникот се согласува, доколку биде извлечен за некоја од наградите, неговите лични податоци да бидат јавно објавени. Добитниците на главна награда се согласни да биде објавена и нивна фотографија. Организаторот на наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда доколку потроши поголема сума на пари.
15. Разрешување на евентуални спорови:
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците на наградната игра надлежен е Основен суд Прилеп.
16. Завршни одредби:
Правилата на наградната игра ги пропишува Приредувачот на наградната игра, а истите се применуваат по добиената Дозвола која ја дава Министерството за финансии на РСМ.
Истите ќе важат се до завршувањето на наградната игра.
Со учество во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие Правила.
Организатор,
Прилепска пиварница АД Прилеп